КАРПОШ ЌЕ ГИ СУБВЕНЦИОНИРА ИНВЕСТИТОРИТЕ НА НИСКОЕНЕРГЕТСКИ ОБЈЕКТИ

Среда, 25 Јануари 2012 13:40
image Информација

Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, денес ја промовирапше првата комерцијална нискоенергетска зграда градена на територијата на Општина Карпош. Станува збор за приватна ионвестиција на фирмата „ВЕНС Инженеринг“ која вградува високи стандарди во веќе изградениот објект на ул. Струшка бр. 11а и на другите два кои сега се во фаза на градба на истата улица бр. 9в и 8а. Тие се меѓу ретките примери на инвеститори, кои воедно се пионери и промотори на изградба на објекти кои користат обновливи извори на енергија за затоплување и кои прават заштеда на енергијата, односно трошат помалку од 50 kWh/m2 енергија на годишно ниво и ако се спореди по категоризацијата од европските земји е првиот кандидат да добие „енергетски пасош“ од А-категорија.

Читај повеќе: КАРПОШ ЌЕ ГИ СУБВЕНЦИОНИРА ИНВЕСТИТОРИТЕ НА НИСКОЕНЕРГЕТСКИ ОБЈЕКТИ

МАРТИН АЛЕКСОВСКИ ГО ФАТИ КРСТОТ ВО НЕРЕЗИ

Четврток, 19 Јануари 2012 16:28
image Информација

Мартин Алексовски, е нашиот сограѓанин кој успеа да го фати крстот во осветените води на Вардар, на големиот христијански празник, Богојавление- Водици. Традиционално, и во Општина Карпош, на Железниот мост кој е границата меѓу двете општини Карпош и Ѓорче Петеров веќе трета година се фрла крстот за Водици во водите на Вардар, пред неколку илјадната публика од граѓани од двете општини.

Читај повеќе: МАРТИН АЛЕКСОВСКИ ГО ФАТИ КРСТОТ ВО НЕРЕЗИ

И УЧИЛИШТАТА ВО КАРПОШ СТАРТУВААТ ОД ПОНЕДЕЛНИК

Среда, 18 Јануари 2012 14:01
image Информација

За десетте основни училишта од територијата на Општина Карпош, почетокот на второто полугодие од училишната 2011/2012 година, наместо во петок 20 јануари, ќе стартува во понеделник 23 јануари.

Читај повеќе: И УЧИЛИШТАТА ВО КАРПОШ СТАРТУВААТ ОД ПОНЕДЕЛНИК

СПОРТСКА ДОНАЦИЈА ОД ГЕРМАНСКАТА АМБАСАДА ЗА УЧИЛИШТАТА ВО КАРПОШ

Среда, 18 Јануари 2012 13:51
image Информација

Германската амбасадата на сите десет основни училишта на територијата на Општина Карпош, вчера им донираше топки за фудбал, кошарка, одбојка и ракомет. Станува збор за донација вредна околу 1.000 евра, која е всушност израз на поврзаноста на германската амбасада со Општина Карпош и нтенцијата за унапредување на училишниот спортот и спортот помеѓу младите.

Читај повеќе: СПОРТСКА ДОНАЦИЈА ОД ГЕРМАНСКАТА АМБАСАДА ЗА УЧИЛИШТАТА ВО КАРПОШ

ВЛАДИМИР ПЕТКОВ ОД БУГАРИЈА ПОБЕДНИК НА БОЖИЌНИОТ ШАХОВСКИ ТУРНИР

Недела, 15 Јануари 2012 17:44
image Информација

Бугарскиот велемајстор Владимир Петков е победник на првиот Божиќен турнир кој го организираа Општина Карпош и шаховскиот клуб„Гамбит АСЕКО СЕЕ“.Со освоени 7 ½ поени, првото место на турнирот го освои гостинот од Бугарија, кој покрај големиот пехар, доби и парична награда во висина од 20.000 денари.

Читај повеќе: ВЛАДИМИР ПЕТКОВ ОД БУГАРИЈА ПОБЕДНИК НА БОЖИЌНИОТ ШАХОВСКИ ТУРНИР

JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

You need Flash player 6+ and JavaScript enabled to view this video.




Дивоградби

Неделен Е-Билтен на Општина Карпош