ГОЛЕМ ВАЈАРСКИ ХЕПЕНИНГ
Во недела, на платото кај Млечен ресторан
Во недела, 5 септември 2010, во рамки на Карпошовото културно лето 2010, пред Платото на Млечниот ресторан, ќе се случи голем скулпторски хепенинг. Непосредно пред Кафе „Ли“ единаесет академски вајари (Андреј Митевски, Ведран Бојановски, Сергеј Дамовски, Љубиша Каменаров, Хари Манчев, Соња Поповска, Владимир Зафиров, Маја Стојанова, Ангел Коруновски, Љубиша Камењаров и Ико Станковски) ќе работат скулптури пред очите на сите љубители на вајарството и уметноста од Општина Карпош и пошироко. Скулпторскиот хепенинг ќе почне во 12 часот и ќе трае до 20 часот. Освен во вајарската уметност посетителите ќе можат да уживаат и во музиката на „Тангоинг“ и „Дуо Пан“ односно во прекрасни танци проследени со клавир и саксафон. Се надеваме дека настанот ќе го задржи Вашиот професионален интерес.
СЕДУМ НОВИ ПРОЕКТИ ВО ОПШТИНА КАРПОШ
Проекти 2010 На денешната средба со новинарите градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски ги запозна претставниците на медиумите со покрупните инфраструктурни проекти на кои во моментот се работи на територијата на Карпош. Тоа се:
СТАРТУВА ТУРНИРОТ ВО МАЛ ФУДБАЛ „СОКОЛ 2010“
Утре, 1 септември, во 20.00 часот стартува XIII –от по ред турнир во мал фудбал „Сокол 2010“. Традиционално, најпопуларниот спортски настан на жителите на Карпош 1, чиј покровител е Општината Карпош, ќе се одигра ОУ „Христијан Тодоровски – Карпош“.
Свечено отворени Open Fun Football 2010
На спортското игралиште Алумина вчера, на 30 август, во присуство на многубројни родители и жители од Општината Карпош, стартуваше спортскиот проект Open Fun football 2010.
УСВОЕНИ ЧЕТИРИ НАЦРТ УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ
Совет На 23-тата седница на Советот на Општината Карпош која се одржа на 31 август, членовите на Советот на самиот почеток, како прва точка на дневниот ред, го усвоија престанокот на мандатот на членот на Советот д-р Оливер Зафировски, кој уследи по препораката на Антикорупцискатата комисија-сите носители на советничка фукција и членови на управни одбори кои вршат и други државни функции (како на пример директорска или управителска), да откажат една од нив, по нивни избор. Во случајот,д-р Оливер Зафировски ќе ја продолжи директорската функција во Институтот за белодробни заболувања кај децата –Козле.
Повеќе Артикли...
Лист 1 од 24






