Покана за присуство

Четврток, 09 Февруари 2012 10:27
image Информација

Денес, во 11.15 часот, Градоначалникот на Опстина Карпош, Стевчо Јакимовски по повод „спонтаните протести“ на граѓаните за прекинот на наставата во Општина Карпош ќе даде изјава.

Читај повеќе: Покана за присуство

ЈАС НЕ ПОЗИРАВ ПРЕД КАМЕРИ ТУКУ УЧЕСТВУВАВ ВО РАСЧИСТУВАЊЕТО СНЕГ ВО МОЈАТА ОПШТИНА

Среда, 08 Февруари 2012 15:44
image Информација

Нашата одлука за времен прекин на наставата во основните училишта во Општина Карпош наиде на широко одобрување и од родителите и од учениците. Вие добро го знате тоа и токму тоа ве прави нервозни.Посебно што сте притиснати за прекин на наставата и во средните училишта, поради лакрдијата што ја понудивте како решение за поларниот студ, скратување на насатавата на 20 минути. Објаснете им на родителите што може да се научи на час од 20 минути, кога ќе влезе професорот, кога ќе заведе час, кога ќе предава и кога ќе испрашува.

Читај повеќе: ЈАС НЕ ПОЗИРАВ ПРЕД КАМЕРИ ТУКУ УЧЕСТВУВАВ ВО РАСЧИСТУВАЊЕТО СНЕГ ВО МОЈАТА ОПШТИНА

ЕКО ПАТРОНЕН ПРАЗНИК

Среда, 08 Февруари 2012 14:26
image Информација

Најстарото училиште во општина Карпош ОOУ „Христијан Тодоровски-Карпош“ – Скопје своето педесет и седумгодишно постоење овојпат го прослави на еден поинаков начин од вообичаено, на еколошки, во соработка со шведската амбасада во Република Македонија. Во самиот хол на училиштето беа изложени 30 карикатури од реномирани шведски и балкански автори на тема „Соочување со климата“ и триесетина еколошки пораки на македонски, англиски, шведски и француски јазик изработени од учениците од истото училиште.

Читај повеќе: ЕКО ПАТРОНЕН ПРАЗНИК

Проект за спречување на насилството во училиштата и родителските домови

Среда, 08 Февруари 2012 09:07
image Информација

На 23 јануари почна со реализација проектот „Развивање на комуникациски вештини во прилог на спречување насилство меѓу учениците, возрасните и децата и меѓу возрасните“ на Општина Карпош. Овој проект е една од стратегиските цели утврдени со Стратегијата за квалитетно основно образование на Општина Карпош во периодот од 2011-2016 година.

Читај повеќе: Проект за спречување на насилството во училиштата и родителските домови

НЕСПОСОБНИТЕ СО НАС УСПЕВААТ

Вторник, 07 Февруари 2012 14:59
image Информација

Има една црногорска поговорка „Не пада снијег да покрије бријег, веќ да звјери оставе траг“. Трагот на советниците од ВМРО-ДПМНЕ се наоѓа во мојот мобилен телефон, како и разговорите водени со нив, сношти на 6-ти февруари, после 20.30 часот. На моето прашање: дали ќе останете доследни на одлуката што ми ја предлагате за прекин на наставата, тие категорично ми потврдија „ со сигурност“ без оглед на евенруалните партиски притисоци. Нова трага дека јас ја говорам вистината, а не тие, е гласањето на денешната седница на Советот на Општина Карпош.

Читај повеќе: НЕСПОСОБНИТЕ СО НАС УСПЕВААТ

JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

You need Flash player 6+ and JavaScript enabled to view this video.




Дивоградби

Неделен Е-Билтен на Општина Карпош