ПРВ СИМПОЗИУМ НА АКВАРЕЛИСТИ
Од денес до 26 август, во организација на Општина Карпош ќе се одржи Првиот Симпозиум на ликовни акварелисти одржан во Република Македонија.На Симпозиумот, кој има меѓународен карактер, ќе учествуваат на 10-тина светски познати ликовни уметници кои сликаат во акварел техника, а сите дела на крајот од симпозиумот ќе бидат презентирани на посебна изложба во рамки на Карпошовото културно лето 2010.
Стартуваше, Карпошево културно лето 2010
ЏЕЗ, ДРАМА И ЛИКОВНА УМЕТНОСТ
Во прекрасен џез амбиент, на Амфитеатарот на реката Вардар, во петок, на 13 август, со концертот на Тони Китановски и Черкези оркестарот, како и сликање во процес на ликовниот уметник Симонида Филипова –Китановска, започна третото по ред Културно лето-Карпош 2010.
Многубројните присутни ги поздрави градоначалникот на Општина Карпош Стефчо Јакимовски, кој отварајќи ја оваа манифестација изрази желба културните настани во наредните 32 дена, колку што ќе трае Културното лето,да ги задоволат вкусовите на сите посетители.
ГРУЕВСКИ ДА НЕ ЈА ЗАМАЈУВА ЈАВНОСТА СО СИТНИ ПРОЕКТИ
Изјава „Сакам да му се заблагодарам на премиерот Никола Груевски, што се отповика на мојата покана да дојде да се искачи на алпинистичката карпа и да види до каде му е Преродбата. Тој денес дојде тука, во непосредна близина на карпата, да фрли лопати во камен темелникот на две нови тениски игралишта, но не се качи на карпата-затоа што едноставно ја нема, не постои“.
Читај повеќе: ГРУЕВСКИ ДА НЕ ЈА ЗАМАЈУВА ЈАВНОСТА СО СИТНИ ПРОЕКТИ
ИГОР ГО „ОСВОИ“ ЛА МАНШ
Соопштение Подвигот, кој сите со нетрпение го очекувавме е постигнат. Нашиот маратонски пливач Игор Димовски, денес, 2 август 2010 го освои Ла Манш. Тој успеа да го преплива најголемиот предизвик за сите маратонци каналот Ла Манш, откако утрово, во 4 часот, заплива во водите од англиската страна на каналот, кон француската. Според последните неофицијални информации кои ги добивме во Општина Карпош, Игор го преплива Ла Манш за 13 часа и 7 минути.
Општина Карпош и ЕВН се договорија
Договор Општина Карпош во рамките на активностите за целосно комплетирање на евиденцијата за имотите кои подлежат на даночна обврска за плаќање данок на имот, од ЕВН побара да ги воведе во евиденција сите трафостаници од територијата на oпштината кои како објекти подлежат на оваа законска обврска.
Повеќе Артикли...
Лист 3 од 24






