Комисија за еднакви можности на жените и мажите

Понеделник, 14 Декември 2009 08:35
image Комисија

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите е постојано тело на Општина Карпош составено од редот на советниците на советот, формирана на 01.10.2009г со Одлука на седница на Советот на Општина Карпош, врз основа на член 6 од Законот на Градот Скопје, чл. 32, 36 и 62 од Законот за локална самоуправа и чл.16, 17 и 44 од Законот за еднакви можности на жените и мажите.

Читај повеќе: Комисија за еднакви можности на жените и мажите

РАСТЕЧКАТА ПАНДЕМИЈА НА СВИНСКИ ГРИП

Четврток, 10 Декември 2009 12:47
image Прес

ОПШТИНА КАРПОШ БАРА ИТЕН ПРЕКИН НА НАСТАВАТА ВО ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА

Поради растечкиот тренд на заболени деца од пандемскиот грип А(Х1Н1) и отсуство од наставата во основните училишта на територијата на Општина Карпош, градоначалникот Стевчо Јакимовски предлага итен прекин на наставата во основните училишта и предвремено завршување на првото полугодие. Прекинот на наставата би требало да биде веќе од 14 декември односно од идниот понеделник. Ваквиот предлог градоначалникот официјално ќе го проследи до ресорното Министерство за образование. Ова беше кажано на денешната прес конференција во Општина Карпош, на која градоначалникот Јакимовски ги презентираше состојбите со отсуствата на деца во 10-те основни училишта и четирите детски градинки со нивните клонови кои егзистираат на територијата на Општината.

Читај повеќе: РАСТЕЧКАТА ПАНДЕМИЈА НА СВИНСКИ ГРИП

Пуштена првата стоматолошка ординација во детска градинка

Среда, 09 Декември 2009 13:05
image Соопштение

Во ЈО „Расепана младост“ во Општина Карпош

Јавната установа детска градинка „Распеана младост“ денес ја доби првата стоматолошка ординација во детска градинка на територијата на една Општината. На подрачјето на Карпош веќе има еден лекар по општа медицина во ЈУ детска градинка „Мајски цвет“, а забни амбуланти ќе се отворат и во останатите градинки: „Пролет“, Мајски цвет“ и „Орце Николов“.

Читај повеќе: Пуштена првата стоматолошка ординација во детска градинка

Ниту еден од „Илинденска“ нема да остане на улица

Среда, 02 Декември 2009 14:37
image Соопштение

Ниту едно од 15-те семејства кои живеат од десната страна на „Илинденска“, на потегот од Зоолошка градина до раскрсницата со булеварот „8-ми септември“, нема да остане на улица поради проширувањето на булеварот „Илинден“. Ова денес во Општина Карпош им беше соопштено на претставниците на овие семејства како заеднички став на градоначалникот Стевчо Јакимовски и на градоначалникот на Скопје Коце Трајановски. Граѓаните беа примени од надлежните служби на Општината кои им соопштија дека

Читај повеќе: Ниту еден од „Илинденска“ нема да остане на улица

XIII Седница на Советот на Општина Карпош

Понеделник, 30 Ноември 2009 16:08
image Соопштение

УЧИЛИШТАТА И ГРАДИНКИТЕ ОСИГУРАНИ-ПОМОШ ЗА КУЛТУРНИОТ ДОМ ВО КРУШЕВО

Советот на Општина Карпош на својата Тринаесета седница донесе одлука за осигурување на објектите и опремата на Основните училишта и ЈУ Општински детски градинки од подрачјето на Општина Карпош. Целта на оваа одлука е да се обезбеди надомест при евентуална штета која би настанала.

Читај повеќе: XIII Седница на Советот на Општина Карпош

Лист 21 од 24

Сокол 2010
Стратешки план / Strategic plan
Придружете ни се на Facebook

Е-информатор

Зачленете се за бесплатниот информатор на Општина Карпош и бидете редовно информирани за работата и проектите поврзани со нашата општина.