Фолклорен фестивал „Скупи 2010”
Покана КУД „Kaршиака” од Нерези, Општина Карпош е организатор на четвртиот по ред фолклорен фестивал „Скупи 2010”.
Утре, петок (02.07.2010) со почеток во 20 часот на платото на анфитеатарот на Кејот на реката Вардар свечено ќе се отвори годиншново издание на фестивалот, на кој освен организаторот КУД „Каршиака”, ќе настапат и гости од Албанија, Молдавија, Бугарија, Турција и КУД „Мирче Ацев” од Скопје.
ПАРТИСКИ ПРИТИСОЦИ ПРЕД ОПШТИНА КАРПОШ
Изјава По повод партискиот собир што активистите на ВМРО-ДПМНЕ го организираа денес пред Општина Карпош ( во придружба на неколку членови од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Карпош), портапролот на Општина Карпош, Виолета Цветковска ја деда следната изјава:
XXXI Меѓународен студентски фолклорен фестивал
Ве известуваме и воедно покануваме на традиционалниот Меѓународен студентски фолклорен фестивал -Скопје, којшто оваа година ќе го прослави своето триесет и прво издание во организација на Академското културно-уметничко друштво ,,Мирче Ацев”, формирано од страна на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј” во Скопје во 1949година.
Читај повеќе: XXXI Меѓународен студентски фолклорен фестивал
НОВИ 18 ПРОЕКТИ ВО ОПШТИНА КАРПОШ
Проекти Општина Карпош, деновиве почна со петиот по ред инфраструктурен турнус на изградба и реконструкции на нови тротоари, паркиралишта и улици на територијата на целата општина. Така, ќе се врши реконструкција на тротоарите на ул.„ Гиго Михајловски“, на ул.„Руѓер Бошковиќ“, „Карпошево Востание“, ул. Соле Стојчев“,на ул. „Трифун Бузев“ пред ОУ Петар Поп Арсов како и на ул. „Варшавска“,ул. Фјодор Достоевски,„Демир Трајко„. Ќе се изгради и прошири паркинг просторот пред кула 10 на бул. „8ми Септември“,а ќе се поплочува просторот и пред гаражите и ќе се изгради заштитен тротоар од предната страна на станбена зграда на ул. Бранислав Нушиќ 17. Паркинг простор ќе се прави и кај поранешната Гимназија „Зеф Љуш Марку“.
Одбележување годишнина
Настан Денес, (22 јуни 2010 година) представници на ГО на СБНОВМ, ОО на СБМ Карпош и Општината Карпош положија букети свежо цвеќе на спомен белегот на местото каде што пред 69 години беше оджано советувањето на Градскиот комитет на Комунистичката партија на Скопје на кое беше донесена одлука за отпочнување на подготовки за вооружен отпор против фашизмот и окупаторските сили.
Повеќе Артикли...
Лист 5 од 24






