Помош за Бисера Лакинска
Општина Карпош се отповика на апелот за помош за Бисера Лакинска и уште еднаш ја покажа својата хуманост. Вклучувајќи се во акцијата на БИЛИВЕ СТРОНГ невладината организацијата која се бори за животот на Бисера Лакинска, и писмото со иницијатива да се одигра претставата „Госпоѓа Министерка”, по цена на билетите од 300,00 денари, а сретствата да се уплатат на нивната сметка, Општината откупи 50 карти. Освен тоа и 20-тина вработени, индивидуално откупија исто толку влезници за претстават која се одржа во понеделник вечер, со почеток во 21 часот во Театар „Центар“.
Покрај тоа, Општина Карпош, издвои 30.000,00 денари со кои се приклучи во акцијата за собирање средства.
СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ НА КАРПОШ И СКОПЈЕ СО ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА
Средба Денес, во општина Карпош градоначалниците на Општина Карпош Стевчо јакимовски и градоначалникот на Скопје Коце Трајановски одржаа двочасовна работна средба со директорите и замениците на директори на четирите клучни јавни претпријатија „Водовод и канализација“, „Паркови и зеленило“, Улици и патишта“ и „Комунална хигиена“.
Читај повеќе: СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ НА КАРПОШ И СКОПЈЕ СО ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА
НЕ ОТСТАПУВАМЕ ПРЕД ВАНДАЛИЗМОТ НА ЕВН
Прес „Додека не потпишат договор и не се обврзат да ги вратат улиците во состојба во која ги нашле пред да почнат со инвеститорските работи, не отстапуваме ниту еден чекор пред вандалските постапки на ЕВН.
Скопје-град од отворен или затворен тип
Дебата Во среда, 09 јуни 2010, во 10.30 часот во Големата сала на Општината Карпош ќе се одржи дебата на тема „Скопје-град од отворен или затворен тип“.
Организатор на дебатата е Здружение на граѓани Институт „Политеја“ и Општина Карпош. Во дебатата ќе учествуваат реномирани универзитетски професори, функционери, советници и студенти. Дебатата ќе ја отвори градоначалникот на Карпош, г-дин Стевче Јакимовски.
Успех на Општина Карпош!!!
Спорт Општина Карпош е севкупен победник на 16-тите работнички спортски игри на управата и правосудството во Република Македонија.
Игрите се одржаа од 3 до 6 јуни во Еуротел, Струга. Со освоени 3 златни, 2 сребрени, 2 бронзени медаљи и 3 четврти места вработените на Општина Карпош по збирот на бодови во сите дисциплини беа апсолутни победници во конкуренција на 16 екипи со вкупно 500 учесници.
Повеќе Артикли...
Лист 6 од 24






