ИЗБОР НА НАЈДОБРА ФОТОГРАФИЈА НА ТЕМА : „УРБАН ПЕЈЗАЖ“
Фотографија Во петок, (21.05.2010 година) со почеток во 14 часот, во Големата сала на Општина Карпош ќе се одржи избор на најдобра фотографија на тема: „Урбан Пејзаж“.
Читај повеќе: ИЗБОР НА НАЈДОБРА ФОТОГРАФИЈА НА ТЕМА : „УРБАН ПЕЈЗАЖ“
МЕМОРИЈАЛЕН ТУРНИР Јован Миновски- Jозо
Спорт Годинашниот 6-ти меморијален турнир во мал фудбал Јован Миновски – Јозо ќе се одржи на игралиштето во средното угостителско училиште „Лазар Танев”. Турнирот се планира да почне на 14-ти мај (петок) и ќе трае најкасно до 23-ти мај. Оваа година турнирот ќе се организира по пат на елиминации. Секој натпревар ќе биде суден од страна на судии кои ќе бидат со ФФМ лиценца. Најдобро пласираните три екипи на турнирот ќе добијат награди.
НОВ ИНФРАСТРУКТУРЕН ЦИКЛУС ВО ОПШТИНА КАРПОШ
Проекти Општина Карпош деновиве почна со нов инфраструктурен циклус на реконструкција и асфалтирање на улиците и водоводната и канализационата мрежа во Општината. Станува збор за дел од 100 нови проекти кои ги најави градоначалникот Стевчо Јакимовски во почетокот на годината кои веќе се во фаза на реализација, кои почнуваат деновиве или кои дополнително ќе почнат да се работат. Во најновиот бран на реконструкции се седум поголеми проекти в населбите, Карпош1, Карпош 2 и Карпош 4, а тоа се:
Општински спортски пензионерски игри
Спорт Во саботата, на 8 мај 2010 година, во холот на ОУ „Лазо Трповски“, се одржаа 15-тите по ред Општинските спортски пензионерски игри во организација на Здружението на пензионери Карпош – Скопје.
ЈАС НЕ СЕАМ ИНТРИГИ, ТУКУ ГРАДАМ СОЖИВОТ
Реакција Реакција на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ
По којзнае кој пат, во недостаток на резултати ВМРО–ДПМНЕ одбира памфлети. Сами организираат собири, сами пишуваат петиции, испраќаат писма до медиумите и манипулираат со граѓаните. Потоа, тие истите, бараат од мене петицијата што ја направиле членовите на ВМРО-ДПМНЕ да им ја доставам на членовите на ВМРО-ДПМНЕ, кои случајно се советници?! Невидена дрскост на нивните „заробени умови“, Градоначалникот на Општина Карпош да им биде партиски поштар?! Тоа нема да го доживеат!
Повеќе Артикли...
Лист 9 од 24






