„КВИНТЕТ СНОВА“ НА КАРПОШОВО КУЛТУРНО ЛЕТО

Понеделник, 30 Август 2010 13:10

Еден од најреномираните вокално музички состави од Србија. „Квинтет снова“ за прв пат во Македонија доаѓа на Карпошовото културно лето 2010. Станува збор за еден бренд формиран на иницијатива на професорот на Музичка академија од Белград, Никола Рацков, професор по клавир, кој ги избира едни од најдобрите вокални изведувачи на староградски песни, севдалинки, српски македонски и руски народни песни, оперски арии и духовна музика, како и феранцуски и италијански шансони, се до поп нумери, и од нив прави интернационален бренд.

Читај повеќе: „КВИНТЕТ СНОВА“ НА КАРПОШОВО КУЛТУРНО ЛЕТО

Концерт на Пилева на Карпошевото културно лето

Понеделник, 30 Август 2010 12:52

Карпошевото културно лето овој пат, се збогати со уште еден концерт на познатата македонска естрадна звезда, Александра Пилева. На 27 август, во петокот, граѓаните на Карпош имаа уште една убава летна вечер, коминирана со спорт и убава музика.

Читај повеќе: Концерт на Пилева на Карпошевото културно лето

Одбележан денот на Првиот скопски партизански одред

Петок, 20 Август 2010 19:07
image Настан

Во импозантна атмосфера, достојна за големите историски датуми, пред многубројни граѓани и преживеани борци, на 22 август, денот на формирање на Првиот скопски партизански одред, ОО на СБМ-Карпош и Општината Карпош,организираа чествување на овој празник. По тој повод, претставници на СБ на Македонија, Градот Скопје, Општината Карпош и другите општини од Градот, борци и учесници на настанот како и Здруженија на непартиски организации, го посетија спомен белегот на Првиот партизански одред и положија букети свежо цвеќе.

Читај повеќе: Одбележан денот на Првиот скопски партизански одред

Аплаузи за изведбата на монодрамата Дневникот на лудиот

Петок, 20 Август 2010 19:06

Синоќа, 19 август, на платото кај Педагошката академија, многубројните љубители на театарот,бараа столче повеќе за да ја видат и слушнат изведбата на монодрамата Дневникот на лудиот од Гогољ,во режија на Роберт Симоновски од Куманово.

Талентираниот актер Здравко Стојмиров, член на малиот драмски театар од Битола ,успеа со својата изведба на текстот и многубројните реплики успешно доловени и пласирани кон публиката, да го покачи адреналинот кај присутните и со тоа да приреди уште една успешна вечер на Карпошовото културно лето.

Соопштение за печат

Среда, 18 Август 2010 11:43
image Соопштение

Според Деталниот урбанистички план кој беше приоритет на Владата на Република Македонија, изработен од Агенцијата за планирање на просторот на Република Македонија, и кој што е донесен во итна постапка во текот на 2008 година, дел од терените за фудбал за кои е засегнат Клубот за спорт, рекреација и гимнастика „Наум Наумовски Борче“ влегле во градежната парцела која сега ја реализира инвеститорот „Мен фешн“.

Читај повеќе: Соопштение за печат

Лист 2 од 24

Сокол 2010
Стратешки план / Strategic plan
Придружете ни се на Facebook

Е-информатор

Зачленете се за бесплатниот информатор на Општина Карпош и бидете редовно информирани за работата и проектите поврзани со нашата општина.