Политика на квалитет

Општина Карпош работи со ISO 2008

ЛЕАП 2011-2017

Детска химна - Карпош

animated gif how to

animated gif how to

animated gif how to

 


  1. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ДОКОЛКУ БЕСПРАВНИОТ ОБЈЕКТ Е ИЗГРАДЕН НА ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА БАРАТЕЛОТ ИЛИ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА,
  2. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ДОКОЛКУ БЕСПРАВНИОТ ОБЈЕКТ Е ИЗГРАДЕН НА ЗЕМЈИШТЕ КОЕ НЕ Е СОПСТВЕНОСТ НА БАРАТЕЛОТ ИЛИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, ОДНОСНО ЗЕМЈИШТЕТО Е СОПСТВЕНОСТ НА ДРУГО ФИЗИЧКО ИЛИ ПРАВНО ЛИЦЕ,
  3. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ДОКОЛКУ БЕСПРАВНИОТ ОБЈЕКТ Е ИЗГРАДЕН НА ЗЕМЈИШТЕ ПРЕНЕСЕНО ОД ПОРАНЕШЕН СОПСТВЕНИК ВРЗ ОСНОВА НА ДОГОВОР ЗА КУПОПРОДАЖБА, НА КОЕ КАКО КОРИСНИК Е ЕВИДЕНТИРАН ПОРАНЕШНИОТ СОПСТВЕНИК, А БАРАТЕЛОТ ГО КОРИСТИ ЗЕМЈИШТЕТО ПОВЕЌЕ ОД 20 ГОДИНИ ОД ДЕНОТ НА СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ,
  4. ПОТЕБНИ ДОКУМЕНТИ ДОКОЛКУ БЕСПРАВНИОТ ОБЈЕКТ Е ИЗГРАДЕН НА ЗЕМЈИШТЕ СО НЕЗАПИШАНИ ПРАВА,
  5. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ДОКОЛКУ Е ПОДНЕСЕНО БАРАЊЕ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРАВЕН СТАТУС НА БЕСПРАВЕН ОБЈЕКТ КОЈ Е ИЗГРАДЕН НА ЗЕМЈИШТЕ СО НЕРАСЧИСТЕНИ ИМОТНИ ОДНОСИ ПОРАДИ ТОА ШТО НЕ Е СПРОВЕДЕНА ОСТАВИНСКА ПОСТАПКА,
  6. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ДОКОЛКУ Е ПОДНЕСЕНО БАРАЊЕ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРАВЕН СТАТУС ЗА СТАНБЕНИ ЗГРАДИ ЗА КОЛЕКТИВНО ДОМУВАЊЕ.





БАРАЊЕ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРАВЕН СТАТУС НА БЕСПРАВНИ ОБЈЕКТИ КОИ СЕ ЛИНИСКИ ИНФРАСТРУКТУРНИ ОБЈЕКТИ БАРАЊЕ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРАВЕН СТАТУС НА БЕСПРАВНИ ОБЈЕКТИ ОД ЛОКАЛНО ЗНАЧЕЊЕ


1. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ДОКОЛКУ БЕСПРАВНИОТ ОБЈЕКТ Е ИЗГРАДЕН НА ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА БАРАТЕЛОТ ИЛИ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА:

  • Уверение за државјанство или копија од лична карта за домашно физичко лице, односно дозвола за постојан престој за странско физичко лице, а за домашно и странско правно лице - Извод од Централниот регистар на РМ, односно од соодветната институција во државата во која странското правно лице има седиште,
  • доказ за приклучок на комунална инфраструктура и/или сметки за јавни услуги (струја, вода и друго), а доколку бесправниот објект нема инфраструктурни приклучоци, изјава заверена на нотар дадена под кривична и материјална одговорност со која барателот потврдува дека бесправниот објект е изграден пред влегување во сила на овој Закон,
  • Геодетски елаборат за утврдување на фактичката состојба на бесправниот објект со имотен лист за земјиштето на кое е изграден бесправниот објект.

2. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ДОКОЛКУ БЕСПРАВНИОТ ОБЈЕКТ Е ИЗГРАДЕН НА ЗЕМЈИШТЕ КОЕ НЕ Е СОПСТВЕНОСТ НА БАРАТЕЛОТ ИЛИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, ОДНОСНО ЗЕМЈИШТЕТО Е СОПСТВЕНОСТ НА ДРУГО ФИЗИЧКО ИЛИ ПРАВНО ЛИЦЕ:

  • Уверение за државјанство или копија од лична карта за домашно физичко лице, односно дозвола за постојан престој за странско физичко лице, а за домашно и странско правно лице - Извод од Централниот регистар на Република Македонија, односно од соодветната институција во државата во која странското правно лице има седиште,
  • доказ за приклучок на комунална инфраструктура и/или сметки за јавни услуги (струја, вода и друго), а доколку бесправниот објект нема инфраструктурни приклучоци, изјава заверена на нотар дадена под кривична и материјална одговорност, со која барателот потврдува дека бесправниот објект е изграден пред влегување во сила на овој Закон,
  • Геодетски елаборат за утврдување на фактичката состојба на бесправниот објект со имотен лист за земјиштето на кое е изграден бесправниот објект,
  • Договор за долготраен закуп на земјиштето склучен со сопственикот на земјиштето.

3. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ДОКОЛКУ БЕСПРАВНИОТ ОБЈЕКТ Е ИЗГРАДЕН НА ЗЕМЈИШТЕ ПРЕНЕСЕНО ОД ПОРАНЕШЕН СОПСТВЕНИК ВРЗ ОСНОВА НА ДОГОВОР ЗА КУПОПРОДАЖБА, НА КОЕ КАКО КОРИСНИК Е ЕВИДЕНТИРАН ПОРАНЕШНИОТ СОПСТВЕНИК, А БАРАТЕЛОТ ГО КОРИСТИ ЗЕМЈИШТЕТО ПОВЕЌЕ ОД 20 ГОДИНИ ОД ДЕНОТ НА СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ:

  • Уверение за државјанство или копија од лична карта за домашно физичко лице, односно дозвола за постојан престој за странско физичко лице, а за домашно и странско правно лице - Извод од Централниот регистар на РМ, односно од соодветната институција во државата во која странското правно лице има седиште,
  • доказ за приклучок на комунална инфраструктура и/или сметки за јавни услуги (струја, вода и друго), а доколку бесправниот објект нема инфраструктурни приклучоци, Изјава заверена на нотар дадена под кривична и материјална одговорност со која барателот потврдува дека бесправниот објект е изграден пред влегување во сила на овој Закон,
  • Геодетски елаборат за утврдување на фактичката состојба на бесправниот објект со имотен лист за земјиштето на кое е изграден бесправниот објект,
  • Договор за купопродажба на земјиштето,
  • Изјава заверена на нотар, дадена под кривична и материјална одговорност со која барателот ќе потврди дека тој или лицето чиј наследник е барателот го имаат купено земјиштето од поранешниот сопственик.

4. ПОТЕБНИ ДОКУМЕНТИ ДОКОЛКУ БЕСПРАВНИОТ ОБЈЕКТ Е ИЗГРАДЕН НА ЗЕМЈИШТЕ СО НЕЗАПИШАНИ ПРАВА:

  • Уверение за државјанство или копија од лична карта за домашно физичко лице, односно дозвола за постојан престој за странско физичко лице, а за домашно и странско правно лице - Извод од Централниот регистар на РМ, односно од соодветната институција во државата во која странското правно лице има седиште,
  • доказ за приклучок на комунална инфраструктура и/или сметки за јавни услуги (струја, вода и друго), а доколку бесправниот објект нема инфраструктурни приклучоци, изјава заверена на нотар дадена под кривична и материјална одговорност со која барателот потврдува дека бесправниот објект е изграден пред влегување во сила на овој Закон,
  • Геодетски елаборат за утврдување на фактичката состојба на бесправниот објект со имотен лист за земјиштето на кое е изграден бесправниот објект.
    Во овој случај, надлежниот орган по службена должност доставува барање до Агенцијата за катастар на недвижности за спроведување на соодветна постапка за запишување на правата врз предметното земјиште, согласно Законот за катастар на недвижности, постапка која Агенцијата за катастар на недвижности ја спроведува по службена должност.

5. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ДОКОЛКУ Е ПОДНЕСЕНО БАРАЊЕ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРАВЕН СТАТУС НА БЕСПРАВЕН ОБЈЕКТ КОЈ Е ИЗГРАДЕН НА ЗЕМЈИШТЕ СО НЕРАСЧИСТЕНИ ИМОТНИ ОДНОСИ ПОРАДИ ТОА ШТО НЕ Е СПРОВЕДЕНА ОСТАВИНСКА ПОСТАПКА:

  • Уверение за државјанство или копија од лична карта за домашно физичко лице, односно дозвола за постојан престој за странско физичко лице, а за домашно и странско правно лице - Извод од Централниот регистар на РМ, односно од соодветната институција во државата во која странското правно лице има седиште,
  • доказ за приклучок на комунална инфраструктура и/или сметки за јавни услуги (струја, вода и друго), а доколку бесправниот објект нема инфраструктурни приклучоци, Изјава заверена на нотар дадена под кривична и материјална одговорност со која барателот потврдува дека бесправниот објект е изграден пред влегување во сила на овој Закон,
  • Геодетски елаборат за утврдување на фактичката состојба на бесправниот објект со имотен лист за земјиштето на кое е изграден бесправниот објект,
  • Известување од нотарот повереник на оставинскиот суд дека се води оставинска постапка за предметното земјиште.

6. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ДОКОЛКУ Е ПОДНЕСЕНО БАРАЊЕ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРАВЕН СТАТУС ЗА СТАНБЕНИ ЗГРАДИ ЗА КОЛЕКТИВНО ДОМУВАЊЕ:

  • Уверение за државјанство или копија од лична карта за домашно физичко лице, односно дозвола за постојан престој за странско физичко лице, а за домашно и странско правно лице - Извод од Централниот регистар на РМ, односно од соодветната институција во државата во која странското правно лице има седиште,
  • доказ за приклучок на комунална инфраструктура и/или сметки за јавни услуги (струја, вода и друго), а доколку бесправниот објект нема инфраструктурни приклучоци, изјава заверена на нотар дадена под кривична и материјална одговорност со која барателот потврдува дека бесправниот објект е изграден пред влегување во сила на овој Закон
  • Геодетски елаборат за утврдување на фактичката состојба на бесправниот објект со имотен лист за земјиштето на кое е изграден бесправниот објект,
  • Список на станари,
  • Договори за купопродажба на становите во зградата,
  • Барањето е потребно да биде поднесено од заедницата на станари или да е потпишано од повеќе од половината иматели на стан во зградата.

Врати се горе