ISO 9001:2009

Општина Карпош работи со ISO 2008

ЛЕАП 2011-2017

Детска химна - Карпош

animated gif how to

animated gif how to

animated gif how to

 

Едукативни и креативни еко работилници во основните училишта на Општина Карпош

image Информација

Во рамките на проектот „Децата во акција за почиста околина“ поддржан од Општина Карпош, во реализација на Здружението на граѓани ИМОР, учениците од шест основни училишта на Општина Карпош ќе земат учество во едукативните и креативни работилници на тема 5R концепт за одржлив развој: Rething – Размисли, Reduce - Редуцирај (намали), Reuse - Реуотреби (повторно употреби, искористи), Repair - Репарирај (поправи) и Recycle - Рециклирај (преработи).

 

Работилниците ќе се одржуваат со следната динамика:

• ООУ „Лазо Трповски“, 05.04.2012

• ООУ „Војдан Чернодрински“, 06.04.2012

• ООУ „Владо Тасевски“, 10.04.2012

• ООУ „Јан Амос Коменски“, 17.04.2012

• ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“, 19.04.2012 и

• ООУ „Петар Поп Арсов“, 23.04.2012

Во работилниците, преку користење на видео материјали учениците на интерактивен и забавен начин ќе се едуцираат за природните ресурси и енергијата, проблемите со кои се соочува современиот свет (недостиг на енергија, глобално затоплување, енормно користење на природните ресурси и создавање на големо количество на отпад) и 5R концептот за одржлив развој. Исто така учениците ќе имаат можност и креативно да работат на тема „Јас рециклирам“ користејќи материјали кои го изгубиле своето првично значење или да користат рециклирани материјали за креација на еко визуелни пораки. Креативните творби на учениците ќе бидат поставени на веб страницата за проектот (http://pocista-okolina.imor.org.mk) на која ќе се спроведе on-line гласање за најдобра креативна творба и најдобра еко порака. Наградите ќе бидат доделени на завршниот настан на проектот.