Предавање за енергетска ефикасност во општина Карпош

ВЕТЕРОТ И СОНЦЕТО - МАКЕДОНСКИ „АДУТ“ ВО ОБНОВУВАЊЕТО НА ЕНЕРГИЈАТА

Енергијата на ветерот и сончевата енергија како ресурси кои до 2020 година треба да достигнат 15 до 20 отсто од вкупните потреби на енергија во земјата, беа главната тема на предавањето кое денес се одржа во Општина Карпош. Предавањето го одржа проф д-р Трпе Груевски кој го истакна значењето на користењето на обновливи извори на енергија во ерата на глобалното затоплување на земјата.

Посебен акцент беше ставен на неискористениот потенцијал што Република Македонија го има во овие обновливи ресурси на енергија, во контекст на КЈОТО договорот и оној од Копенхаген, за глобалното светско намалување на јаглен диоксид и ефектот на стаклената градина, како опасност во опстојувањето на планетата Земја.