РЕКОРДНА КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА ВО ОПШТИНА КАРПОШ
Над 350 крводарители од територијата на Општина Карпош и градот пошироко, вчера 18.02.2010 дојдоа на досега најмасовната акција во дарување крв. Од нив, според последните податоци 264 дарители успешно даруваа крв, а над 80 беа одбиени од различни причини.
Одзивот на граѓаните и вработените од Општината кои сакаа да ја дадат скапоцената течност ги надмина сите очекувања, со што карпошовци уште еднаш ја покажаа својата хуманост и подготвеност да спасат живот на оние накој тоа им е потребно. За одбележување е тоа што својата крв ја даруваа Градоначалникот на Општина Карпош Г-дин Стевче Јакимовски како и поранешниот Градоначалник на Општина Сопиште Г-дин Љупчо Мицковски – Кец.
Инаку масовниот оджив започна уште од утринските часови кога граѓаните во колони чекаа да ја дадат својата скапоцена течност, а со несмалено темпо беше речиси до 17 часот кога официјално заврши крводарителната акција.
На сите граѓани кој даруваа крв им беа врачени пригодни подароци: маици од црвениот крст на Република Мaкедонија, приврзоци со соодветната крвна група, а Градоначалникот на Општина Карпош крводарителите ќе ги почести со заедничко дружење во Ресторанот „Имес“ во петок 20 часот.
Инаку организатори на оваа најмасовна акција беа Општина Карпош, Републичкиот Заводот за Трансфузиологија и Општинската Организација на Црвениот Крст на Република Македонија.
