Одржани стручни предавања за опасностите од болести при неправилна исхрана кај децата

image Семинар

Во ЈУОДГ Орце Николов-Карпош, денес 18 февруари 2010 година, претставници од Институтот за јавно здравје на РМ, организираа семинар за стручно образование на воспитно-згрижувачкиот кадар, здравствените работници и другите вработени во детските градинки од повеќе општини на територијата на град Скопје.

Присутни беа и претставници од Одделението за образование и детска заштита од Општината Карпош. Семинарот го отвори д-р Златка Димитровска, претставник од Институтот за јавно здравје, а стручните предавања беа презентирани од асистент др Игор Спировски и др Весна Стефановска.

Стручните предавања се однесуваа за опасноста од неправилната исхрана како ризик за појава на болести и примената на современи стандарди во изработка на листи за јадење за подготовка на оброци во јавните детски градинки. Др Игор Спировски, нагласи дека исхраната заедно со физичката активност треба да заземе централно место во здравствените политики во борбата со хроничните незаразни заболувања како кај децата така и кај повозрасните.