Започнаа едукативните средби на учениците од основните училишта со ПС – ОН - Карпош

image Образование

Од 23.02.2010 година започнаа едукативните средби од страна на претстаници од ПС – ОН – Карпош со учениците од седмо и осмо одделение од сите 10 основни училишта лоцирани на подрачјето на Општина Карпош.

На средбите од страна на УПС учениците ќе бидат едуцирани како да се заштитат да не бидат жртви а во исто време и сторители на кривични дела, прекршоци и други инкриминирани дејствија.

Учениците непосредно ќе бидат запознаени со задачата и улогата на полицијата и Полициската станица, со законските и други последици од непочитување на одредени закони / Закон за прекршоци за јавниот ред и мир, Закон за оружје, Кривичниот законик, Законот за јавна чистота, ЗОБСП а посебно ќе бидат запознаени за штетноста и последиците од употреба на дрога и алкохол/.

Со едукацијата ќе бидат опфатени околу 1392 ученици.

Едукацијата ја врши Вишиот инспектор за превенција Ѓорѓија Ацковски.

Со свои предавања на тема „Сексуално преносливи болести и СИДА“ се приклучија и волонтери од општинската организација на Црвениот Крст - Карпош.