Положено свежо цвеќе на споменикот на Народниот херој
Годишнина По повод 66 годишнината од загинувањето на Кузман Јосифовски Питу
По повод 66 годишнината од загинувањето на народниот херој Кузман Јосифовски-Питу, денес букет со свежо цвеќе положи Градоначалникот на Општината Карпош Стевчо Јакимовски.
На пригодниот настан на кој присуствуваа и членови на семејството на Херојот, претставници на Општинскиот одбор на ЗБМ од НОАВМ, претставници на Градскиот одбор на ЗБМ, Секцијата на жените борци, Месната заедница „Кузман Јосифовски Питу“, ОО СДСМ Карпош, Титови леви сили, ОО на ЗБМ, децата и учениците од Градинката „Пролет“ и ОУ „Владо Тасевски“, пензионерите од МЗ „Кузман Јосифовски питу“, како и граѓани почитувачи на делото на НОБ, пред спомен – обележјето на Народниот херој, за ликот и делото на Херојот пригоден говор одржа другарот Петар Џундев.
