Осмомартовски концерт во ТЦ Карпош 3 (Лептокарија)

image 8-ми Март

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите при Општина Карпош, во состав на својата програма преку која ги почитува и заштитува правата на жените, организира едночасовен вечерен концерт на 7 март (недела) во 19 часот на платото во ТЦ Карпош 3 (Лептокарија).

Општина Карпош е една од водечките општини кои се грижат за своите граѓани, нивното, здравје, култура, образование, забава, професионална посветеност, еднакви права на мажите и жените, како и грижата за децата. Како и многу пати досега, Општината има организирано безброј културни и спортски манифестации, а овој пат на соодветен начин ќе го одбележи Светскиот ден на жената – 8 март. За таа цел се покануваат сите припаднички на понежниот пол да уживаат во звуците на музиката испеани од пејачите Андријана Јаневска и Маријан Стојановски, а за дополнително расположение ќе се погрижи винаријата „Сковин“ со своите квалитетни вина.

 

Андријана Јаневска и Маријан Стојановски