ВЛАДАТА ДА СЕ СПУШТИ НА ЗЕМЈА
Press „Владата да излезе од својот виртуелен свет и да се спушти на земја, односно меѓу своите граѓани и нивните секојдневни проблеми.“ Ова денес на прес конференција го изјави градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, по повод серијата на исклучување од топлификациската мрежа на неколку основни училишта од Карпош но и од другите општини во градот.
Повод за прес конференцијата е писмото кое тој го доби од Министерствот за образование со препораки за заштеда на енергијата и рационализација на трошоците во основните училишта кои се во надлежност на Општина Карпош. „Министерот за образование, изјави Јакимовски, не си ја знае состојбата во сопствениот ресор.
Преземи го писмото и другите документи
Во Општина Карпош од 10 седум училишта се во Програмата за штедење каде се врши супституција и заштеда на 15 отсто од енергијата. Но, тоа очигледно не е доволно, бидејЌи ресорното Минситерство за образование и Владата на Република Македонија не си ги исполнува своите законски обврски кон општините. Имено според Законот Владата е должна да ги намирува сите трошоци за затоплување, струја и телефони во основните училишта. Наместо тоа, таа преку блок дотациите во јануари ни префрли 1,9 милиони денари во услови кога трошоците достасаа 6,4 милиони денари. Притоа станува збор за јануари кога повеќе од половина месец не се работеше поради распустите. Истото се случува за февруари кога ни се префрлија1,2 милиони денари, а се очекува трошоците да ги надминат и оние јануарските. Оваа разлика од околу 10 милиони денари, доколку се исплати од Буџетот на општината, значи практична блокада на сите активности на Општината. Освен тоа, без никакво образложение Владата на РМ ги намали средствата кои и се префрлаат на општината за 6.000.000 денари за Буџетот во 2010 во однос на 2009 година, додека кај други општини ги зголеми“,изјави Јакимовски.
Во петокот градоначалникот од платниот фонд на вработените, префли 1,5 милиони денари со цел училиштата да не останат без греење.
