Промовиран првиот алкохолошки гласник во Македонија

image Промоција

Владимир Панзов претседателот на Здружението Здрав живот и главниот уредник м-р Лидија Зорба денес, во Општина Карпош, го промовираа првиот алкохолошки гласник во Македонија „Полет“.

Гласникот Полет го издава Здружението на граѓани-апстиненти за мотивација,едукација,рехабилитација ресоцијализација и превенција од алкохол,дрога,тутун и таблети „Здрав живот“.

Промоцијата на овој гласник беше со цел да се информираат и едуцираат граѓаните за можностите за превенција и решавање на проблемите на граѓаните, предизвикани од пиењето алкохол.

-Ние сега имаме поддршка и помош за нашето работење од страна на градоначалникот Стевчо Јакимовски и од Советот на Општината Карпош.Се надеваме дека и другите релевантни фактори во државата ќе најдат доволно разбирање за да не поддржат финансиски и морално,за да реализираме еден европски проект со светски призвук, изјави на денешната конференција за печат претеседателот на ЗГ Здрав живот.