Стевче Јакимовски е роден на 27.08.1960 година.

Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје, 1987 година.

Бил волонтер, новинар во спортската редакција на Радио Скопје, јануари-јуни, 1988 година, потоа во информативно-политичката редакција на втората програма на Радио Скопје, јуни-октомври 1988 година.

Бил стручно-политички работник во претседателството на Младина на Југославија, октомври 1988 година - мај 1990 година.

Работи како приватен стопанственик, а од јануари 1992 година станал директор на Катланово-Турс.

Во септември 2000 година бил избран за градоначалник на општина Карпош, а во ноември 2003 година за министер за економија во Владата на Република Македонија.

Министер за труд и социјална политика бил од декември 2004 година.

По завршувањето на мандатот е вработен во своја приватна фирма.

Активно користи англиски јазик.

Поседува одлични ораторски и аналитички спосособности, комуникативност и умешност за пишување.

Одлични организаторски способности, лидерство и тимска работа.

Еден е од најпознатите македонски колумнисти.

Поранешен репрезентативец на Македонија во карате и петкратен републички првак.

360 панорама

Наскоро овде ќе можете да прегледате дел од Општина Карпош во 360 степени панорама!

Е-информатор

Зачленете се за бесплатниот информатор на Општина Карпош и бидете редовно информирани за работата и проектите поврзани со нашата општина.