Фолклорен фестивал „Скупи 2010”

image Покана

КУД „Kaршиака” од Нерези, Општина Карпош е организатор на четвртиот по ред фолклорен фестивал „Скупи 2010”.

Утре, петок (02.07.2010) со почеток во 20 часот на платото на анфитеатарот на Кејот на реката Вардар свечено ќе се отвори годиншново издание на фестивалот, на кој освен организаторот КУД „Каршиака”, ќе настапат и гости од Албанија, Молдавија, Бугарија, Турција и КУД „Мирче Ацев” од Скопје.