Прва награда за МКУД „Цветан Димов“
Детскиот оркестар на младинското културно уметничко друштво „Цветан Димов“ од Општина Карпош, ја освои првата награда на фестивалот на народни инструменти „Пеце Атанасовски“ во Долнени. Со голема љубов кон македонската фолклорна традиција, посветеност и многу труд, детскиот оркестар стигна до првата награда.
„Заедно со нашиот професор Александар Јовевски, секојдневно ги откриваме убавините на нашите изворни ора и песни“ - велат младите надежни музичари.
Детскиот оркестар при МКУД „Цветан Димов е вклучен во проектот Фолклорна школа, поддржан од Општина Карпош, кој се спроведува во основните училишта на нејзната територија.
