Завршница на Европскиот Твенти20 турнир во крикет

image Крикет

Како организатори и поддржувачи на Европскиот Твенти20 турнир во крикет кој се одржува во Скопје, Општина Карпош и Британската Бизнис Група би сакале да Be поканат да го проследите финалниот натпревар од овој турнир, кој ќе се одигра на 17ти Јули со почеток во 16 часот. Натпреварот ќе се одржи на терените зад хотелот Александар Палас и посебен дел за седење е обезбеден за сите оние кои сакаат да уживаат во финалниот крикет натпревар. По натпреварот ќе се одржи завршната церемонија и прес конференција на кој ќе учествува победничката репрезентација. Би ни претставувало огромна чест и задоволство доколку и Вие бидете дел од завршната церемонија и прес конференција.