Нови реконструкции во Општина Карпош
Проекти На денешниот брифинг за новинари, Градоначалникот Јакимовски најави 7 нови реконструкции на територијата на Општина Карпош и тоа:
- Реконструкција на тротоари на ул. Трифун Бузев пред ОУ Петар Поп Арсов чии изведувач е Агроселца за сума од 289,356.00 денари
- Реконструкција и изградба на тротоари на улица 6 во населба Бардовци – Анизор за сума од 1,775.367,00 денари
- Изведување на приклучок кон централен топлификациски систем /парно/ Влае, ул Кленоец и Новопроектирана – Енергомонтажа 3.572.261,00 денари
- Реконструкција и изградба на тротоари на улица Женевска – Анизор 3.041.609, 00 денари
- Изведувања на експлоатациони бунари за техничка вода за наводнување на жардињери од ул. Париска до мост Обедиенти нации – Геоинг МН ДОО- 3,176,088.00 денари
- Реконструкција на кровна конструкција и промена на кровен покривач во ОУ Војдан Чернодрински, заедно со USAID за сум од околу 3.000.00,00 денари
- Изградба на атмосферска канализација по ул. Букурешка УЗ Тафталиџе 1 – Транс МЕТ – 1.237, 248.60 денари
