Наместо Владини инвестиции, шарени бомбончиња за жителите на Општина Карпош
Изјава Изјава на Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски по повод „Владините инвестиции во Општина Карпош“
„Пред една ипол година, токму на ова место, Премиерот Никола Груевски вети дека ќе изгради ново училиште во населбата Влае. Тоа е ова училиште, „Димо Хаџи Димов“. Минатата година Општината Карпош го достави идејниот проект во Министерството за образование и како што гледате до ден денеска од тоа нема апсолутно ништо,
а Премиерот Груевски, како ѓавол од темјан бега од населбата Влае 2. Го повикувам да не ги залажува граѓаните на Карпош, со ситни шарени бомбончиња како што се тениски игралишта и глупава карпа, туку да дојде овде и да го исполни она што го ветил за време на изборите. Да не ги лаже децата од населбата Влае туку да го направи ова училиште, за кое Општината Карпош му достави идеен проект“ – рече Градоначалникот Јакимовски.
