Вести

Свечено отворени Open Fun Football 2010

На спортското игралиште Алумина вчера, на 30 август, во присуство на многубројни родители и жители од Општината Карпош, стартуваше спортскиот проект Open Fun football 2010.

Читај повеќе: Свечено отворени Open Fun Football 2010

Стартува „Open Fun Foоtball Schools 2010“

ПРЕКУ ИГРАТА СО ТОПКА, ДА ГИ УРНЕМЕ СИТЕ БАРИЕРИ

Во организација на Општина Карпош и лидерот на проектот, Димитар Бадев, од 30. 08. 2010 – 03. 09. 2010, на спортското игралиште „Алумина“, во населбата Карпош 3 ќе се одржи спортски проект „Open Fun Football Schools“, наменет за ученици од I – IV одделение.
Во овој проект вклучени се 200 ученици од пет Основни училишта од територијата на Општина Карпош. Свеченото отварање ќе биде денес, понеделник (30.08.2010) во 18 часот.
Главната цел на Проектот, кој нема натпреварувачки карактер е поттикнува на љубовта, другарството и еднаквоста на сите деца, без разлика на нивната етничка, верска и национална припадност.

Open Fun Football Schools 2010

Open Fun Football

Неколку годишната традиција на одржување на отворената забавна фудбалска школа на големо задоволство кај најмладите учесници- дечињата, продолжува и оваа година. На игралиштето „Алумина“ и нормално во организација на Општина Карпош. Успешната соработка на општината – застапена од лидерите Димитар Бадев и Рената, со инструкторите при „Open Fun Football Schools“, втора година по ред, наидува на голем интерес и публицитет кај учесниците и нивните најблиски во сите основни училишта од територијата на Општина Карпош.

Читај повеќе: Open Fun Football Schools 2010

Прва награда за МКУД „Цветан Димов“

image Успех

Детскиот оркестар на младинското културно уметничко друштво „Цветан Димов“ од Општина Карпош, ја освои првата награда на фестивалот на народни инструменти „Пеце Атанасовски“ во Долнени. Со голема љубов кон македонската фолклорна традиција, посветеност и многу труд, детскиот оркестар стигна до првата награда.

„Заедно со нашиот професор Александар Јовевски, секојдневно ги откриваме убавините на нашите изворни ора и песни“ - велат младите надежни музичари.

Читај повеќе: Прва награда за МКУД „Цветан Димов“

КАКО ДА СЕ ПРЕВЕНИРААТ ТУБЕРКУЛОЗАТА,СИДАТА И КУЧЕШКАТА ТЕНИЈА

image Презентација

Денес, 5 мај 2010 година, во големата сала на Општината Карпош, осмоодделенците од ОУ „Димо Хаџи Димов“, во соработка со средното училиште „Алгоритам Центар“, извршија презентација на три теми од областа на болестите туберкулоза, сида и кучешка тенија. Целта беше да се зголеми превенцијата од тие болсти.

Читај повеќе: КАКО ДА СЕ ПРЕВЕНИРААТ ТУБЕРКУЛОЗАТА,СИДАТА И КУЧЕШКАТА ТЕНИЈА

ОУ Х.Т.Карпош ќе го прослави својот јубилеј

Во петок, на 7 април 2010 година, во клубот Колосеум, основното училиште „Христијан Тодоровски Карпош“, ќе одржи голема, заедничка прослава. Со неа ќе се одбележи 55-годишниот јубилеј од воспитно-образовна работа на ова училиште. Прославата е со почеток во 11,30 часот.

Детски културен натпревар

На 7.05.2010 год. (петок), во просториите на организаторот, основното училиште ПСУ „Јахја Кемал“, ќе се одржи првиот детски културен натпревар меѓу градинките на територијата на Општина Карпош.

Читај повеќе: Детски културен натпревар

ВО „ФОРЦА“ ПЛЕЈ-ОФ ВО ЖЕНСКА ОДБОЈКА

image Покана

ПОКАНА ЗА ПРИСУСТВО

Утре и задутре (14 и 15 април 2010 година) во спортската сала „ФОРЦА“- ќе се одржат плеј оф натпреварите во женска одбојка, во рамки на училишните спортски игри на осум основни училишта на Општина Карпош.
Во четирите полуфинални и финални натпревари ќе се сретнат екипите на:„Петар Поп Арсов“ и „Јан Амос Коменски“ и на „Владо Тасевски“ и „Лазо Трповски“. Плеј офот ќе го отвори градоначалникот на Општинa Карпош, Стевчо Јакимовски. Натпреварите ќе се одржат во терминот од 11 до 14 часот. Ве повикуваме професионално да го проследите овој настан.

Започнува Play off во одбојка-девојки

image Одбојка

На 14 и 15 април 2010 годинa, во спортската сала „Форца”, со почеток во 11 часот ќе се одржи Play off во одбојка –девојки. Завршната манифестација на најдобрите одбојкарки е во рамките на Училишните спортски игри на Општината Карпош.
Во игрите ќе земат учество екипите на ОУ-та Владо Тасевски, Петар Поп Арсов, Јан Амос Коменски и Лазо Трповски.
За најдобрите ќе следат соодветни награди.

ПОДДРШКА НА СВЕТСКАТА КАМПАЊА ЗА ПОЗДРАВ ЖИВОТ

image Кампања

По повод одбележувањето на Светскиот ден на здравјето на 9 април 2010 година, пред платото на гимназијата Никола Карев, сe одржа концерт на рок групи од гимназиите Никола Карев и Ѓорѓи Димитров. Центарот за здрав живот Самосвест се вклучи во овогодишната глобална кампања на СЗО под наслов 1000 градови-1000 животи со која се промовира поздравиот живот во урбаните средини.

Читај повеќе: ПОДДРШКА НА СВЕТСКАТА КАМПАЊА ЗА ПОЗДРАВ ЖИВОТ

Лист 1 од 3