Уредување на градежно земјиште, комунална хигиена и заштита на животна средина

Раководител: Петар Ивановски
Контакт:
070/338 274
E-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Секторот за уредување на градежно земјиште, комунални работи и заштита на животната средина и природата, врши работи од подрачјето за кое е формиран а кои се поврзани со функциите на Општината, согласно Законот за Локална Самоуправа, други закони, прописи и општи акти.

Вработените во секторот за комунални работи со Раководителот на Секторот учествуваат во изготвување на: Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на Општината, Програмата за одржување и реконструкција на сервисни и стамбени улици на подрачјето на Општината, Програмата за изградаба редовно одржување и зимско одржување на серевисни и стамбени улици на подрачјето на Општината и Програмата за јавно улично осветлување на подрачјето на Општината.

Истовремено вработените во секторот се грижат за реализација на горе наведените програми преку изготвување на Предмер и Пресметки – Тендерска Документација, вршат непосреден надзор на изведените работи како и квартални извештаи за реализација на претходно споменатите Програми.

Секторот учествува во изготвување на Програмата за Буџетот на Општината Карпош. Вработените во Секторот вршат секојдневни контакти со граѓаните на Општината Карпош, лично или писмено преку поднесени барања а кои се однесуваат за решавање на проблеми од инфраструктурата, урбана опрема уличното осветлување по што вработените секојдневно вршат увиди на лице место како истите проблеми бидат брзо процесуирани и решени во најкраток можен рок.

Најмаку еднаш неделно Секторот доставува податоци и информации за извршените работи до градоначалникот, односи со јавноста и информации до Секторот за поддршка на Градоначалникот.

  • Проекти 2009 ( 81 Линкови )

    Проекти на Секторот за уредување на градежно земјиште и комунални работи во 2009 година

     

  • Проекти 2010 ( 109 Линкови )

    Проекти на Секторот за уредување на градежно земјиште и комунални работи во 2010 година

     

Е-информатор

Зачленете се за бесплатниот информатор на Општина Карпош и бидете редовно информирани за работата и проектите поврзани со нашата општина.