ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОВЕРИТЕЛИ

                       

 

ЈАВЕН ПОВИК

 

до доверителите на Општина Карпош и доверителите на единките корисници основани од Општина Карпош, за пријавување на доспеани, а неплатени обврски

 

Се повикуваат сите доверители на Општина Карпош и единките корисници основани од Општина Карпош кои имаат доспеани, а неплатени обврски евидентирани во Електронскиот систем за пријавување и евиденција на обврските  заклучно со месец септември 2018 година, да се пријават во Општина Карпош со цел спогодбено утврдување на износот на обврските.

 

Рокот за пријавување на побарувањата изнесува 15 (петнаесет) дена од денот на објавувањето на Јавниот повик, не сметајќи го денот на објавувањето.

 

Со Пријавата, во која ќе биде означено дали истата се однесува за Општина Карпош или за единките корисници, доверителите се должни да ја достават и следната документација:

 

  • Тековна состојба (за правните лица), не постара од 6 (шест) месеци, во оригинал или копија заверена на нотар,
  • Фактура/Ситуација за задолжувањето (аналитичка картица)
  • Договор или друг правен основ од каде произлегува побарувањето од доверителот кон Општина Карпош.

 

 

Документација заедно со уредно пополнетата пријава се доставува во оригинал или копија. Доколку документацијата се доставува во копија, веродостојноста на секоја страница подносителот на пријавата ја потврдува со свој потпис и печат.

 

 

Пријавата за пријавување на Јавниот повик, подносителите може да ја подигнат од архивата на општината или да ја превземат од web-страната на Општина Карпош  www.karpos.gov.mk.

 

Пријавата со потребната документација да се достави лично во архивата на Општина Карпош (од 07.30 до 15.30 часот секој работен ден) или преку пошта со препорачана пратка на ул. „Радика бр.9“ - барака бр.2, 1000 Скопје, со назнака „За Јавен повик за пријава на доверители“

 

По завршувањето на јавниот повик, Општина Карпош ќе ги разгледа пристигнатите пријави и ќе ги извести пријавените доверители за датумот и времето на одржувањето на преговарањето.

 

Подетални информации, заинтересираните правни субјекти можат да добијат на телефонскиот број +389 (2) 3055 – 923 – Сектор за финансиски прашања или на електронската адреса: aleksandra.spasovska@karpos.gov.mk

 

Пријавите доставени по истекот на рокот, нема да бидат разгледувани.