prasalnik za zdrava naselba

 

           Прашалник за здрава населба – Колку е добра и здрава нашата населба?
 
 

                    Почитувани граѓани,

 

Прашалникот за здрава населба е алатка која им овозможува на заедниците, јавниот сектор, волонтерските групи и непрофитни организации, приватниот сектор и другите да ги најдат оние аспекти на населбата кое треба да бидат таргетирани за да се подобри здравјето на луѓето, благосостојбата и квалитетот на животот.

 

Ова кратко видео можете да го погледнете | тука, | и да се информирате за тоа како алатката може да Ви помогне да го подобрите квалитетот на Вашата населба.                                      

 

Прашалникот за здрава населба дава едноставна рамка за структурирање на разговорите во врска со дадената населба. Форматот на алатката (во форма на прашалник), Ви овозможува да размислите и да ги оцените:

  • физичките елементи на просторот – зградите, улиците, јавните, отворени простори и природните простори кои ја сочинуваат населбата, и
  • социјалните елементи – врските, социјалниниот контакт и мрежите за поддршка кои ја сочинуваат заедницата.

 Прашалникот за здрава населба може да се искористи и да даде придонес во сите нови и постоечки заедници, а исто така може да помогне и во справувањето со здравствените нееднаквости.

Со големо задоволство и нескриен ентузијазам, Општина Карпош даде согласност и подршка во тестирањето на алатката на своето подрачје, очекувајќи ги со нетрпение резултатите и мислењата, а пред сè предлозите на граѓаните за подобрување на условите за живот во населбата.

Како функционира алатката?

Алатката поставува 14 прашања за физичките и социјалните елементи на една населба. Учесниците одговараат со рангирање на оценката на скала од 1 до 7, каде 1 значи дека има многу простор за подобрување (најмалку сте задоволни), а 7 значи дека има многу малку простор за подобрување (во целост сте задоволни).

Резултатите од Вашите одговори автоматски ќе се вцртаат во дијаграм и истите по завршувањето на истражувањето ќе бидат презентирани и објавени од Институтот за јавно здравје.

Алатката е дизајнирана заеднички од NHS Health Scotland, шкотската влада и Архитектура и дизајн на Шкотска и е поставена во согласнот со авторите.

 

ОЦЕНЕТЕ КОЛКУ Е ЗДРАВА НАШАТА НАСЕЛБА

Ве молиме, кликнете ТУКА

 

Доколку сте заинтересирани да дознаете повеќе за алатката, Контактирајте го тимот за спроведување на Прашалникот за здрава населба на следните адреси:

Проф. д-р Драган Ѓорѓев (dgjorgjev@gmail.com) и

Ас. м-р д-р Мирјана Димовска (m.dimovska2016@gmail.com)

Од Институтот за јавно здравје

 

Ви благодариме на соработката!