Секретар

Бојан Милошевски

Роден на 15.08.1981 година, во Скопје.

Дипломирал на Правниот Факултет „Јустинијан Први” при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј” во 2005-та година а Правосудниот испит го положил во декември, 2011-та година.

Во Општина Карпош се вработува во мај 2006 година како помошник асистент на Секретарот на општината. Од октомври 2008 година се вработува во Одделението за Човечки ресурси на работно место Управување и координирање на човечки ресурси, а во октомври 2009-та станува раководител на Одделението за Човечки ресурси.

Функцијата Раководител на Секторот за правни работи ја извршува од октомври 2012-та година, а на 01.08.2014 година е назначен за Секретар на Општина Карпош.

Активно го користи Англискиот јазик и поседува ECDL сертификат. Исто така поседува сертификат за водење на постапка за отуѓување и давање под закуп градежно земјиште во сопственост на Р. Македонија.

е-mail: sekretar@karpos.gov.mk