Субвенции за велосипед

 

Карпош започнува акција за субвенционирање на нови велосипеди. Заинтересираните физички лица, треба да пополнат Барање во Архивата на Општина Карпош, при што треба да ги достават следните документи:

 

- Лична карта (фотокопија)

- Трансакциска сметка, (фотокопија)

- (Оригинал) фискална сметка со сметкопотврда или фактура за купен велосипед, кој е купен не порано од 26.04.2018 година.

- Жителите кои веќе оствариле право на субвенција и добиле средства по истата од Град Скопје, немаат право да учетвуваат по огласот.

 

Со Одлука на Советот на Општина Карпош, се распишува Оглас, при што  ќе се спроведе постапка за субвенционирање на купување нови велосипеди за жителите на Општина Карпош, во износ од 30% од сумата за платен велосипед, но најмногу до 3.000,00 денари.

 

Субвенциите ќе се доделуваат по принципот прв дојден - прв услужен, до исцрпување на предвидените финансиски средства во Буџетот на Општина Карпош за 2018 година.

 

 

За  субвенционирање на купените нови велосипеди, предвидени се финансиски средства во Буџетот на Општина Карпош за 2018 година, во висина од 300.000,00 (триста илјади) денари.