Проекти за кои се бараат донации:
1.1. Проект: Опремување на училница за компјутери во 10 основни училишта во Општината Карпош
Опремување на училница за компјутери во 10 основни училишта во Општината Карпош
2.1. Проект: Изградба на надземен премин "Влајко"
Најкарактеристичен проблем во МЗ "Влае 1" од безбедносен аспект за граѓаните е преминот преку бул. "Партизански одреди", каде секојдневно има голема фреквенција на ученици кои мораат да поминуваат во МЗ "Влае 2" поради единственото училиште кое се наоѓа во оваа месна заедница.
2.2. Проект: Уредување на левиот брег на реката Вардар, од устието на реката Лепенец до хотел Александар Палас
Од причина што десниот брег на реката Вардар е уреден и направена е пешачке зона во должина од 4,7 km и истата е осветлена до хотелот "Александар Палас", општината планира да го уреди и левиот брег на Вардар, и тоа од устието на реката Лепенец до "Александар Палас".
2.3. Проект: Изградба на атмосферска канализација за с. Злокуќани
Со обезбедување на средства за изградба на атмосферска канализација во с. Злокуќани ќе се отвори можност за вклучување и заработувачка на 50-ина лица од локалното ромско население.
2.4. Проект: Поставување на хидрантска мрежа на десниот брег на реката Вардар
Долниот дел од пешачката зона на десниот брег на реката Вардар (должина 4,7 km) е планирано да се уреди за поставување на патека за велосипеди и ролери со осветлување на целата површина околу брегот за што е потребна хидрантска мрежа.
