ПРОМОТИВЕН ДЕН НА „мЗаедница“

 Утре, петок, 08.02.2019 година, со почеток во 12:00 часот, на платото на ТЦ „Лептокарија“, Општина Карпош заедно со Центарот за социјални иновации „БЛИНК 42-21“ ќе ја промовира мобилната апликација „мЗаедница“.

Станува збор за првата мобилна апликација за учество на граѓаните во утврдување на локалните прашања и проблеми како и во процесот на донесување на одлуки. 

Апликацијата е достапна на App Store и Google Play, а граѓаните можат директно да комуницираат со секторите во Општината, да пријавуваат проблеми, да даваат предлози и да преземаат иницијативи на локално ниво.

На почетокот на настанот изјави за медиуми ќе дадат градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев и претставник од Центарот за социјални иновации „БЛИНК 42-21“.