КАРПОШ СЕ ПРИКЛУЧИ КОН WINTER BIKE TO WORK DAY

 Нашиот главен град Скопје, денес по петти пат се придружи на иницијативата Winter Bike To Work Day. Станува збор за глобална акција која треба да ја подигне јавната свест и да поттикне што поголем број на луѓе да го користат велосипедот како превозно средство, не само овој ден, туку секојдневно.                                                 

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев се приклучи кон иницијативата и на работното место пристигна со својот велосипед. 

Исто така, дел од општинската администрација, како и голем број на ученици од основните училишта се приклучија кон оваа вело - активност. 

Во меѓувреме, Општина Карпош објави и повик за субвенционирање на велосипеди, при што се субвенционирање 30% од цената на велосипедот, но најмногу до 3.000 денари.

Повеќе информации на:

 http://karpos.gov.mk/page/Subvenciizavelosiped2019