РАСЧИСТЕНА ДИВА ДЕПОНИЈА НА БУЛ. „8 СЕПТЕМВРИ“

 Комуналните служби на Општина Карпош во континуитет работат на отстранување на новонастанати депонии од отпад на своја територија. Така вчера исчистија уште една дива депонија, долж булеварот „8 – ми Септември“, во Тафталиџе 1.

По пријава на повеќе граѓани и Здружението на граѓани – Македонски центар за одржлив развој и конкурентност – Скопје (МЦОРК),  хигиеничарите отстранија поголемо количесто на пластика, стакло и друг вид  отпад.

Општина Карпош продолжува со секојдневната грижа за животната средина и расчистување на диви депонии по јавните површини.