ДИНАМИКА НА АКТИВНОСТИ ЗА СПАС И ОБНОВА НА „ПАРТИЗАН“

 Денеска се одржа редовна информативна средба во врска со Иницијативата за спас и обнова на спортската сала „Наум Наумовски Борче“ – Партизан. Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев информираше за идејниот проект кој локалната самоуправа го подготвува заедно со меѓународната невладина организација „Културно ехо“ и архитекти од странство, кои на волонтерска основа се приклучија кон иницијативата. 

Примарната цел е Општината да биде подготвена за обнова на салата, штом истата биде вратена во сопственост на локалната самоуправа. На средбата присуствуваа и советниците на Премиерот Заев, Ѓорѓи Тасев и Даниел Димески, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски и директорот на ЈП за стопанисување со спортски објекти, Шпенд Хајредини. 

Градоначалникот Богоев посочи дека Општината ќе преземе активности и за проценка на статиката на спортскиот објект „Партизан“. Исто така, постои отворена можност, ревитализацијата на салата да биде финансиски поддржана и од Агенцијата за млади и спорт.

Во Иницијативата за  спас и обнова на „Партизан“ учествуваат повеќе засегнати институции, граѓанскиот сектор и стручната јавност (архитекти).