КАРПОШ ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО ВО ОБРАЗОВАНИЕТО И СПОРТОТ

 Во   „Кинотека на  Северна Македонија“, денеска, се огранизираше предавање на тема: „Едукативно превенирање на насилството во образовните институции и на спортските настани“. Проф. Др. Иван Анастасовски пред  присутните ученици-спортисти од основните училишта кои се наоѓаат на   територијата на локалната самоуправа говореше за  потребата од поголема  институционална соработка за превенирање на  насилството во образовните институции, односно т.н  меѓуврсничко насилство и спречување на насилството на спортските настани, помеѓу двете спротиставени навивачки групи.  Овој настан е организиран од Одделението за култура и спорт при Општина  Карпош ,  и има за цел да се подигне свеста кај учениците за превенција од насилство во училиштата, и  искоренување на присутното вербално  или физичко насилство на спортските трибини.