НОВО ЗЕЛЕНИЛО НА „ДЕЛФИНА“

 Oткако во претходниот период хортикултурно беа уредени жардиниерите во Порта Влае, деновиве поставивме нови грмушки и зеленило на платото „Делфина“ во Влае 2., со што овој плоштад доби нов, освежен лик.

Општина Карпош продолжува со секојдневното подигнување и заштита на зеленилото.

Во изминатиот период беа засадени и 287 нови дрвја во Карпош, а хортикултурно се уредија и повеќе платоа и јавни површини: платото во Карпош 3,  на „Млечен“, Педагошка, како и зелени површини во Тафталиџе 1 и Тафталиџе 2.