ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА ПРОЕКТИ ОД СПОРТОТ

 Со  мнозинство на гласови, советниците на денешната 24. Седница на Советот на Општина Карпош ја изгласаа Одлука за одобрување финансиска поддршка на проектот „ Школа за пливање, на проектот „Преку  игри без граници  за разрешување на конфликти“, а беа одобрени и финансии за  „ Забавни спортски игри“. 

Членовите на Советот  ја изгласаа и  Програмата за изменување и дополнување на активноститре на Општина Карпош во областа на спортот за 2019 –  та година. Исто така, беше усвоена измената на распоредот на средствата  на Буџетот на локалната самоуправа за 2019 година.  

На  седницата  беше донесена и одлука  за отпочнување со работа на објектот со проширени просторни услови на  ЈУОГД „ Мајски Цвет“ во објектот „ Јасмин“ на ул. „ Женевска“ бр.4. 

Правилниците за систематизација на работните места во четирите детски градинки („Мајски Цвет“ , „ Распеана Младост“, „ Орце Николов“, и “ Пролет“ ) кои функционираат на територијата на локалната самоуправа, исто така беа изгласани од мнозинството од советниците. На оваа седница се донесоа и  одлуките за давање на согласност за започнување на постапка за издавање под закуп на спортските сали на општинските основни училишта од територијата на Општина Карпош за наредната учебна година 2019/202о , како и согласност за  започнување постапка за издавање под закуп на училишен простор ( училници, холови, продавници, магацински простор, помошни училници, подрумски простори и друго) на основните училишта од територијата на локалната самоуправа за учебната 2019/2020 година. 

Со  одлука на Советот беа одобрени средства за плаќање на надоместок за персонален данок на доход и осигувурање во случај на несреќа при работа и професионално заболување за невработени лица , ангажирани за вршење на јавни работи.