ВЕЛИГДЕНСКИ ПАКЕТИ ЗА ЗАГРОЗЕНИТЕ СЕМЕЈСТВА ОД КАРПОШ

 

                Околу 90-на хуманитарни пакети, ќе ја збогатат празничната велигденска трпеза и во домовите на социјалните семејства. Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, денеска во три урбани заедници, ги подели пакетите кои се собираа изминатиот викенд, а беа донација од хуманите сограѓани, градинките и основните училишта како и од вработените во локалната самоуправа. Првиот човек на Општината посака бројот на социјално загрозени семејства од година во година да се намалува.

 

-Граѓаните на Општина Карпош, утрото кое пазарат во супермаркетите во нашата Општина, пожелно  е барем по еден прозивод да обезбедат за семејствата кои се наоѓаат во социјален ризик. Овој пат, за Велигденската хуманитарна акција собрани се околу 90-на пакети. Локалната самоуправа на сите граѓани кои имаат потреба од помош за купување лекови, плаќање сметки, односно оние кои се социјално загрозени им помага со финансиски средства и преку целата година – рече Јакимовски.  

 

Традиционалната хуманитарна акција „Да бидеме хумани за нашите соседи“ , која е во организација на Одделението за детска, здравствена и социјална заштита при Општината, овој викенд се спроведе по 21-ви пат, а се одржува три пати во годината и тоа за Денови на Општината, за Новогодишните и Божиќните празници како и за Велигденскиоте празници.