КОПАНИЧАРСКА РАБОТИЛНИЦА ВО КАРПОШ

 Утре ( 22.04.2017), со почеток од 10:00 часот во ООУ „Аврам Писевски“ во населбата Бардовци, ќе се одржи работилница за копаничарство (дрворез). Преку оваа активност, основците од десетте училишта кои се наоѓаат на територијата на локалната самоуправа ќе се запознаат со оваа резбарска применета уметност. Талентираните ученици ќе имаат можност подетално да го научат овој древен занает.