ОПШТИНА КАРПОШ ЖАЛИ И БАРА ТЕМЕЛНА ИСТРАГА ЗА ПОЖАРОТ

Општина Карпош изразува искрено жалење за пожарот кој денес избувна на нејзина територија, во која изгоре поранешниот Градски завод за урбанизам  кој е во стечај. Со ова заминува дел од историјата на Град Скопје, макети од значајни објекти, проекти и урбанистички планови.

Симптоматично е што пожарот многу брзо се ширеше и затоа Општина Карпош бара од Министерството за внатрешни работи - Службата за противпожарна заштита да направи темелна истрага за причините за пожарот.