РЕКОНСТРУИРАНО ДЕТСКОТО ИГРАЛИШТЕ ВО КАРПОШ 4

 Општина Карпош денеска го реконструираше детското игралиште на улица Вич бр. 10, кое неодамна беше вандализирано од страна на непознати сторители. За таа цел, целосно се обновени детските лулашки  и клацкалки, како и урбаната опрема која се наоѓа во рамките на игралиштето.   Локалната самоуправа повторно апелира до граѓаните, совесно да се однесуваат кон реквизитите кои ги користат најмладите карпошани.