ДЕСЕТ ДНЕВЕН ОДМОР ЗА ОСНОВЦИ ОД КАРПОШ ВО СТРУГА

 Ученици од шесто, седмо и осмо одделение од сите основни училишта кои се наоѓаат на територијата на Општина Карпош, денеска по втор пат заминаа на десет дневен одмор во Струга. Станува збор за  45  основци, чии семејства се наоѓаат во потешка материјална состојба. Учениците ќе престојуваат во одморалиштето Солферино, со вклучен појадок, ручек и вечера. Пет наставници по физичко образование ќе се грижат за основците во текот на летниот одмор. Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски на карпошовите основци  им посака пријатен престој и убав летен одмор.

 

 

 

-                    Овој  летен одмор, искористете го за меѓусебно дружење, забава и релаксација.Токму во овој период кога температурите се доста високи, вие ќе може да пливате, да се капете и да се разладувате во Охридското езеро. Вашите наставници се одговорни за вас  во текот на одморот, и секако треба да ги слушате и да ги почитувате, напомена градоначалникот Јакимовски.  

 

 

 

 

 

 

Одморот ќе трае од 9 -19 август, и претставува одлична можност за релаксација и „ полнење на батериите“  на основците пред почетокот на новата учебна година во септемри.