ОБНОВЕНО ЗАБАВНОТО ДЕТСКО КАТЧЕ ВО КАРПОШ 2

 

 
 
Општина Карпош денеска изврши целосна реконструкција на детското игралиште кое се наоѓа во населбата Карпош 2. За таа цел, се постави нова заштитна ограда, нови клупи и корпи за отпадоци, а согласно стандардите за безбедност се монтираа и нови дрвени детски реквизити. Локалната самоуправа го реновираше ова игралиште, каде младите карпошани ќе се рекреираат, ќе другаруваат и ќе ги поминуваат своите безгрижни детски денови.