КОШАРКАРСКИ УЧИЛИШЕН КУП НА ОПШТИНА КАРПОШ

 Денеска се одигра разигрувањето по групи од училишниот Куп во кошарка каде што се натпреваруваат учениците од сите десет основни училишта на територија на општината.

Постигнати се следниве резултати: ООУ„Јан Амос Коменски“ против ООУ„Вера Циривири Трена“ со резултат 36: 16, ООУ„Димо Хаџи Димов“ против ООУ„Лазо Трповски“ со резултат 54:15, ООУ„Христијан Тодоровски Карпош“ против ООУ„Аврам Писевски“ со резултат 54:14 , ООУ„Петар Поп Арсов“ против ООУ„Владо Тасевски“ со резултат 40:23, и ООУ„Војдан Чернодрински “ против ООУ„Братство “ со резултат 30:28.

Полуфиналните натпревари ќе се одиграат во среда на 18.10.2017 во спортската сала на основното училиште „Војдан Чернодрински“со следниов распоред: во 12 часот - ООУ„Јан Амос Коменски“ против ООУ„Петар Поп Арсов“ и во 12.40 часот ООУ„Димо Хаџи Димов“ против ООУ„Војдан Чернодрински “, екипата на ООУ„Христијан Тодоровски Карпош“ својот противник за влез во финалето ќе го добие по спроведената жрепка.