НОВ ГУМЕН ПОД ВО СПОРТСКАТА САЛА ВО „КОМЕНСКИ“

  Општина Карпош интензивно работи на замена на оштетен под во спортската сала во ООУ „Јан Амос Коменски“ со нов. Притоа се работи на поставување на армирано бетонска кошулка,  хидроизолација по сите стандардни нормативи како и поставување на завршна гумена подлога од 8 мм дебелина на површина од 450m2 . Општината Карпош овој градежен зафат ќе ја чини 2.012.490 илјади денари, а изведувач на работите е фирмата „Мастеф", која треба работите да ги заврши во рок од 60 дена.