РАЗЕЛЕНУВАЊЕ НА УЧИЛИШНИТЕ ДВОРОВИ ВО КАРПОШ

 

 Општина Карпош во соработка со колективниот постапувач Елколектго  уреди дворот на основното училиште Вера Циривири – Трена”.

Се засадија повеќе дрвца на слободните површини во училишниот двор, а во еко – акцијата беа вклучени и учениците.

Една од примарните цели на локалната самоуправа е разеленувањето на Општината, во сите аспекти. Оплеменување на зеленилото меѓу зградите, но и целосно разеленување на училишните дворови кои ќе прераснат во уредени зелени градини со намена за спорт и рекреација.

Во изминатиот период се засадија и нови садници во училиштето Петар Поп Арсов”, а во текот на следната недела нови дрвја ќе бидат засадени и во основното училиште Аврам Писевски”.