СРЕДБА СО ГРАЃАНИ НА „МЛЕЧЕН“

 Денеска, среда (13.06.2018), со почеток во 19:00 часот, во урбаната заедница Владо Тасевски – „Млечен“  (на платото кај кафулето „Ли), градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, со претставници од Полициската станица Карпош и СВР Скопје ќе одржат средба со граѓаните од ова населено место. Средбата е во рамки на проектот за зголемена безбедност во Карпош, заштита на јавниот ред и мир и превенција од имотни и други прекршоци на територија на Општината.

 

Полициско – граѓанските патроли започнуваат со консултативно – едукативна средба, а завршуваат со теренска обиколка на критичните локации и нивно мапирање. Граѓаните имаат можност да се информираат за „ризичните“ места во нивната општина (неосветлени катчиња, небезбедни игралишта и паркови), како и да добијат информации за активностите и мерките што ќе ги преземат надлежните, со цел, зголемување на безбедноста во нивното маало.

 

Исто така, градоначалникот Богоев ќе информира и за проектите на локалната самоуправа предвидени за урбаната заедница „Владо Тасевски“.