РОДОВА ЕДНАКВОСТ ВО КАРПОШ ПО ЕВРОПСКИ ТЕРК

 Општина Карпош е локална самоуправа  која со европски практики во функционирањето го спроведува акцискиот план за родова рамноправност, истакна извршната директорка на организацијата „Македонско женско лоби“   Даниела Димитријевска на денешната работилница во  коорганизација на оваа невладина организација со Општина Карпош, поддржана од CIVICA.

Во просториите на урбаната заедница „ Влае  1“, се одржа третата и последна работилница од вкупно три на тема „Изработка на акциски акивности кои треба да се реализираат од програмата за еднакви можности“. Работилницата ја подготви координаторката за еднакви можности од општинската администрација, Евантија Стојановска а , како проект, беше усвоена од Комисијата за еднакви можности и Советот на Општина Карпош, претставувана од претседателот на Комисијата Билјана Костова.

Локалната самоуправа во Карпош е единствена општина од  Скопскиот плански регион, во која се спроведе Проектот „Улогата на жените во општеството“ според европски стандарди, во рамки на кој се детектираа проблемите со кои се соочуват жените во своето работно и животно секојдневие, и се предлагаа конкретни решенија.

На работилницата учествуваа вработени во Општината, како и граѓанки на Карпош, кои во отворената дебата на оваа тема дадоа свој квалитетен придонес.